Шоубизнис

» поопширно



Прелистувач на иднината

Петок, 15.08.2008 | 19:00

Соработка и интеракција на различни локации преку веб прелистувачите, визуелизација на омилените страници и напредно управување со нив, се само некои од идеите кои би можеле да се појават во наредните генерации на прелистувачите на Mozilla.

Таборот на најпопуларниот алтернативен веб прелистувач Firefox отсекогаш ги слушал идеите и предлозите на корисниците на интернетот, а овој пат одлучија да упатат јавен повик до сите иноватори кои сметаат дека со нивните идеи би можело да се унапреди и дополни сурферското искуството.

Освен позивот, објавија и три видео записи на идните технологии на веб прелистувачите кои ги развиваат токму во соработка со корисниците.

Првата иновација е резултат на соработката на Mozilla Labs со компанијата Adaptive Path. Наречена е Aurora, а се работи за концепт според кој прелистувачот би требало да препознае кои елементи од одреден веб простор корисникот ги користи и да му овозможи да управува со нив, преместувајќи ги на локално работна површина, или истовремена соработка со други корисници на други локации. Нормални, специјализирани алатки од овој вид постојат и сега, но во овој случај станува збор за можности на веб прелистувач, а не интернет сервиси.

Што се однесува до памтењето на страниците, освен класичното меморирање, веб прелистувачот интуитивно ќе препознава на која од сочуваните страници корисникот сака да оди, а ќе му предложува и нови.

Исто така значајно би се унапредило управувањето со претходно посетените страници, па на таквиот прелистувач доволно би било да му се каже датумот и времето на сурфањето, а тој би ги прикажал сите локации кои ги посетил корисникот во тоа време.

Третата иновација се однесува на сурфањето на мобилни уреди, кое исто така би требало да донесе значајни иновации.

http://labs.mozilla.com/projects/concept-series/

http://www.kajgana.com/statija_2332.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com