Сабота, 16.08.2008
Стојче Стаменковски
Возрасните луѓе со ниско ниво на витамин Д во крвта, имаат 26% поголем ризик од прерарана смрт отколку личностите со нормално ниво на овој витамин, покажуваат истражувањата направени од Универзитетот во Торонто.
Претходните студии веќе го покажаа позитивниот ефект од овој витамин во процесот на остеопороза и заштитата од рак на дојката и на дебелото црево, како и други болести на срцето. Најновото истражување извршено на 13.000 луѓе, докажува дека луѓето со низок процент на витамин Д во крвта имаат поголем ризик за рана смрт.
Професорот Рајнхолд Вит, специјалист за исхрана на Универзитетот во Торонто, вели дека студијата уште еднаш потврдила дека витаминот Д позитивно влијае на животниот век на човекот. Тој на повозрасните луѓе им препорачува редовен дневен внес на витамин Д преку храна, или таблети доколку не им е достапна храна богата со овој витамин.
За потсетување, хранливи ивори на витамин Д се млекото, путерот, јајца, пилешки чигер, лосос, риба, скуша и рибино масло.