Шоубизнис

» поопширно



Историја на холивудски начин

Сабота, 16.08.2008
Илија Шулев

 

Недоволните информации кои се достапни во историските учебници, најчесто се темелат на приказни и народни легенди. Поради тоа, грешките при екранизацијата на настаните од историјата се неизбежни. Ова се најголемите грешки и киксови направени во историските филмови.

10.000 B.C.

Иако припадник на реализмот, режисерот Роланд Емери во својот блокбастер "10.000 B.C." се обиде да не убеди дека влакнестите мамути помагале во градењето на пирамидите, иако тие воопшто не живееле во пустините. Во тој случај, нормално, крзното би било непотребно. Освен тоа - првите пирамиди се изградени во 2.500 година пред Христос.

Gladiator

Владетелот Комодус не бил ниту приближно сличен со неговата филмска екранизација, која претставува корумпиран владетел опседнат со сопствената сестра.

Тој не го убил сопствениот татко Марко Аурелие, ниту пак загинал во борба во арена. Комодус бил убиен во када.

300

Режисерот на филмот кој ја прикажува битката кај Термопил, очигледно во потрага на атрактивност, си допуштил премногу стилска слобода. Иако спартанскиот совет го сочинувале луѓе постари од 60 години, во филмот е вметнат и младиот Терон кој го глуми 37 годишниот Доминик Вест. А спартанските војници во борба влегувале со бронзени оклопи, а не во кожни Speedo гаќички.

The Last Samurai

Јапонците во 19-от век вработувале странци кои им помагале во модернизација на војската, но тие не биле Американци туку воглавно Французи. Ликот на Ватанабе е базиран на судбината на Сајге Такамори кој извршил ритуално самоубиство или "seppuku". Исто така тешко е да се поверува дека воен ветеран и алкохоличар би можел толку вешто да владее со самурајски меч.

Apocalypto

Заради овој филм на многу антрополози им се дига косата на главата. Цивилизацијата на Маите навистина придавала човечки жртви, но не на богот на сонцето Кулкилкан. Само војниците со највисоки чинови биле жртвувани, а не останатите воини и заробеници. Конквистаторите кои на крајот на филмот го спасуваат населението баш и не се најдобриот избор. Историските факти говорат дека околу 90% од Американците умреле од мали сипаници добиени од заразена стока.

Memories of a Geisha

Преминот на една млада гејша во "мицуаге" фазата се означувало со промена на шминката и облеката, а не со интимниот однос со клиентот како што е покажано во филмот. Сцената во која Сајури накитена со вештачки снег ја покажува својата верност преку танц, со платформите и трепкачкото светло повеќе наликува на Studiо 54 отколку на Кјото пред војната.

Braveheart

Дури и да го отфрлиме фактот дека килтовите се носеле во Шкотска дури 300 години после Вилијам Валас, математиката не можеме да ја занемариме туку-така. Според филмот, Валас ја завел жената на Едвард II, Изабела од Франција, и како резултат на нивната афера се рoдил Едвард III. Историската вистина пак не учи дека Изабела имала три години кога плавоокиот јунак победил во битката кај Фалкирк, а дека Едвард III, се родил седум години по смртта на Валас.

Elizabeth - The Golden Age

Во 1585 година, кога се одвива сценариото на овој филм, кралицата Елизабета имала 52 години, а Кејт Бланчет кога го снимаше филмот имаше 36 години. И секако, Иван Грозни не и се додворувал затоа што тој тогаш бил мртов. Филмската кралица во Тилбури јава бел коњ како што јавале мажите - во полн околп со меч, но факт е дека Елизабета јавала на женско седло, на една страна, и носела жезло.

The Patriot

Вистинскиот лик на Френсис Мерион послужил како основа за ликот на Мел Гибсон. Сепак, тој воопшто не бил фамилијарен човек каков што се обидува филмот да го прикаже. Бил газда на робови, кој не се оженил со својата роднина додека не завршила војната. Историјата бележи дека за време на својот живот ловел и убивал Чироки Индијанци.

2001: A Space Odyssey

Според овој култен филм, до 2001 луѓето веќе би требало да патуваат на Јупитер, надмудрувајќи се со компјутерите кои прилично еволуирале и имаат чувства. Зар треба ли воопшто да се спомнува колку Стенли Кјубрик не бил во право?

http://www.kajgana.com/statija_2336.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com