Понеделник, 18.08.2008 | 10:47
Пионерот на R’n’B музиката и легендарниот продуцент на Арета Френклин и Реј Чарлс почина во петокот во својата куќа на Флорида.
Дејвид Риц, неговиот соработник и ко-автор на мемоарите на Векслер од 1993 "Rhythm and the Blues” изјави дека Џери подолго време страдал од проблеми со срцето.
За потсетување, Векслер во светот на музиката лансираше бројни големи имиња. Покрај Реј Чарл и Арета Френклин, ги промовираше и Вилсон Пикет, Вили Нелсон, Шер, Дасти Спрингфилд, а соработуваше и со Карлос Сантана, Џорџ Мајкл. Векслер им беше продуцент и на Боб Дилан и легендарните Лед Цепелин.
Векслер доби и свое место во Rock and Roll Hall of Fame во 1987.