Шоубизнис

» поопширно



Вирус во три димензии

Вторник, 19.08.2008 | 11:16

Фокусирајќи ги моќните Х зраци на вирусот на херпесот, научниците од Универзитетот во Калифорнија успеаа да направат прва чиста тродимензионална слика на вирус. Техниката наречена микроскопска дифракција на Х зраци би можела да им помогне на докторите во развивањето на лекови против вирусите.

Џон Миао од Универзитетот UCLA кој е главен истражувач на овој проект и неговите колеги користеле синхотрон - моментално најсилниот на свет уред кој произведува Х зраци и кој се наоѓа во Јапонија.

"Го избравме вирусот на херпесот бидејќи е нешто поголем од другите вируси (од 100 до 200 нанометри), но и поради неговата значајна улога во медицината. Го ставивме вирусот во синхотронот, ги вперивме зраците во примерокот, а камерата и компјутерот ја составија сликата", објаснува Миао.

Со тоа, Миао и неговите колеги всушност ја направија првата чиста фотографија на вирус. Слична верзија на технологија позната како кристалографија на Х зраци е користена со години за откривање на структурата на протеините, вклучувајќи ја и двократната сприрала на ДНК.

"Фотографиите добиени со другите техники не беа доволно чисти и јасни. Исто така, за време на процесот на снимање на клетките и вирусите, често се случуваше да бидат уништени важни информации", истакна Миао.

http://www.kajgana.com/statija_2383.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com