Шоубизнис

» поопширно



Дизел од трева

Вторник, 19.08.2008 | 11:33

Звучи невозможно, но дизел горивото наскоро ќе може да се произведува и од трева. Научниците од Универзитетот Колорадо моментално работат на проект на вметнување ген од дрвото Копаиба во други растенија, за и тие да можат да ја произведуваат супстанцата "олеоресин". Станува збор за масло кое е одлична замена за дизелот, а само едно Копаиба дрво годишно може да произведе до 40 литри од ова гориво.

Овој вид на дрво, познато како "дизел дрво", испушта посебна супстанца налик на дизел горивото. Целта на научниците е да ја истражат до крај причината за оваа синтеза, односно молекуларниот и генетскиот аспект присутен кај спомнатото дрво.

Најголемиот проблем е што дрвото расте релативно споро и бара тропска клима за раст. Исто така, масовното одгледување на дрвото во тропските предели би предизвикало природен дисбаланс и би го забрзало глобалното затоплување.

Но, научниците смислија како ваквите нешта да се избегнат. Решението е во генетска модификација на трева и други видови растенија, со што и тие би ја произведувале супстанцата карактеристична за Копаиба дрвото. Трева која произведува дизел гориво би била идеално решение, но научниците се помалку скептични. Најтешко ќе биде да се изведе самата генетска модификација. Бидејќи повеќето растенија се размножуваат преку полен, постои опасност од општа контаминација кога генот "ќе се пушти во етер".

Горивото добиено на овој начин би се користело за погон на сите видови возила без потреба да се модифицираат.

http://www.kajgana.com/statija_2384.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com