Вторник, 19.08.2008 | 12:36
Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен објавија дека во пржените компири ја пронашле канцерогената материја глициамид, која е уште полоша од стариот непријател акриламид.

Глициамидот се создава со загревање на производите од компир и е многу поопасен од акриламидот, кој во истите производи беше откриен пред шест години.
Добрата вест во случајот со глициамидот е што се јавува во помали количини.
При прегледот на десет видови чипс и три вида пржени компири пронајдени се количини на глициамид од 0,3 до 1,5 микрограми по килограм.
Во клетките на цицачите, дури и најмалата количина на глициамид може да предизвика промени во генетската структура.