Вторник, 19.08.2008 | 19:02
За сите оние кои стравуваат од грабежи, атентати, киднапирања или се едноставно богати и параноични, BMW претстави нов автомобил.

Новиот модел X5 Security ја задоволува балистичката класа VR4, што значи дека со леснотија се справува против муниција до Магнум со калибар 44. Клучниот фактор на заштита е 22 милиметри дебелото стакло кое може да издржи и помали експлозии, како на пример од рачни бомби.
Х5 Security ќе го користи најсилниот 4.8 литарски V8 мотор со моќност од 355КС, кој му овозможува спринт до стотка за 7,5 секунди, но лимитирана максимална брзина до 210 км/ч.