Шоубизнис

» поопширно



Десерт за љубителите на спортот

Вторник, 19.08.2008 | 19:10

Германија нема да освои највеќе медали на Олимпијадата, но четири германски спортистки кои голи позираа за септемврискиот број на германското издание на Плејбој, сигурно ќе фрлат сенка на сите свои колешки во Пекинг.

Никол Рајнхарт, Катарина Шолц, Петра Ниман и Роми Тарангул имаа доволно храброст да се соблечат, а како тоа ќе се одрази на нивните резултати ќе видиме.

Катарина Шолц (25), членка на германската репрезентација во хокеј на трева вели дека се плаши од можноста позирањето за Плејбој да ги загрози нејзините спортски успеси.

- "Сега ме интересира единствено хокејот, а понатаму ќе зборам за овие фотографии. Токму благодарение на хокејот добив можност да се сликам за Плејбој. Немам планови да се занимавам со фотомоделство. Знаете, во хокејот под здолништето носиме долна облека, а не оклоп".

Никол Рајнхарт (22) е репрезентативка на Германија во кајак. Во анкетата меѓу членовите на германската делегација беше прогласена за најсексипилна Германка на Олимпијадата.

Никол вели: "Фала му на Бога што во кајакот најважна е техниката. Останатите натпреварувачки имаат многу поголеми и покрупни раце од мене".

 

Џудистката Роми Тарангул (20) иако беше елиминирана уште на почетокот од натпреварите, барем може да се пофали дека е поубава од своите конкурентки.

"Мажите го ценат тоа што сум успешна во џудо, а што притоа не сум се претворила во неженствена и набилдана Амазонка. А дури и да мислат поинаку, џабе им е, можам да го претепам секој маж", вели Роми.

Едриличарката Петра Ниман (30) на која ова и е трето учество на Олимпијада, до сега нема освоено медал, а се надева дека овојпат ќе биде трета среќа. "Пред натпреварите работев и со психолог. Тој ме советуваше да се концентрирам единствено на трката и на ништо друго", објаснува Петра.

 

Четирите девојки имаа и на кого да се угледаат. Брита хајдеман, германската репрезентативка во мечување, покажа дека позирањето за машките списанија може да донесе и напредок во кариерата. Во 2004 година на Олимпијадата во Атина, Брита освои сребро во тимското натпреварување, потоа се сликаше гола за Плејбој, а пред неколку дена во Пекинг освои и златен медал.

http://www.kajgana.com/statija_2399.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media