Среда, 20.08.2008 | 11:02
Според филмските критичари, славниот режисер е на чекор од моментот кога Гарманците ќе дигнат бунт против неговиот нов филм Inglorious Bastards. Причини има многу.

Имено, во својот нов филм, Тарантино се враќа во Втората светска војна и ја прикажува осветата на еврејските американски војници над германските војници.
Нападите врз Германците ги води поручникот кого го игра Бред Пит, а протече и реченицата од филмот со која неговиот лик повикува на масакар:
"Секој човек под моја команда ми е должен сто скалпови од нацистите, и вие ќе ми донесете сто наци скалпови, извадени од сто глави на мртви нацисти, или ќе умрете обидувајќи се", говори Бред Пит во Филмот.
А како што пренесува The Times of London, спорно нема да биде само скалпирањето, врежувањето свастики во челата, пукањето во тестиси на германските војници, кои ќе бидат прикажани во манирите на љубовта на Тарантино кон деталите. Германската нација и тамошните критичари би можела да ги вознемири и целата идеја според која Втората светска војна се претвора во авантуристички стрип во кој ниеден Германец нема право на каење.