Среда, 20.08.2008 | 11:10
Nokia претстави уште еден член на врвната Arte серија. Новиот Nokia 8800 Carbon Arte останува верен на семејната традиција, а посебност му даваат префинетата изработка и финишот.

Nokia 8800 Carbon Arte според техничките спецификации е еквивалентен на Arte и Saphire Arte, но разликата е во материјалите кои овој пат се употребени - карбонски фибер влакна со 3D шарка која доминира во надворешниот изглед.
Новиот Nokia 8800 Carbon Arte има вграден акцелерометар кој му овозможува на телефонот повикот да се заврши со едноставно негово превртување наопаку. Единствената разлика со неговиот претходник Arte е всушност во внатрешната меморија, која сега порасна на 4GB.

Телефонот има камера со резолуција од 3 мегапиксели со автоматски фокус, OLED дисплеј со големина од 2 инчи кој е отпорен на гребење и има поддршка за 3G.
Nokia 8800 Carbon Arte ќе биде достапен на пазарот од наредниот месец, по препорачана цена од 1.100 евра (пред оданочување и останати давачки).