Среда, 20.08.2008 | 12:50
Стојче Стаменковски
Олимписките игри секогаш преставуваат место со многу сексипил и витки натпреварувачки. Еве го прегледот на на топ 10-те најжешки Олимпијки од олимписките игри кои сеуште се во тек:
10. Логан Том - одбојка (САД)
Логан Том, ќерка на поранешен NFL играч, е феноменална одбојкарка уште од младите години. На 16 години таа била најмладиот играч во Младинскиот национален тим на Америка и била најмлад играч до оној момент кога била избрана да игра за сениорската репрезентација. Освен во националниот тим, Логан Том играла и во тимот на своето училиште каде што била избрана за Најдобар играч во целата лига. Досега била еден од клучните играчи на Американскиот тим на последните две Олимпијади каде што најдобриот резултати им е четврто место.
9. Елена Исинбаева - скок со стап (Русија)
Елена Исинбаева дефинитивно заслужува внимание. Токму таа беше посочена како една од најдобрите женски спортистки во нејзината дисциплина на сите времиња. Помеѓу нејзините фанови важи за вистински секс симбол. Зад неа има 21 рекорд во нејзината кариера. Во моментов е актуелен олимписки шампион, светски шампион и два пати прогласена за најдобар атлетилачар - жена во светот.
8. Кели Сотертон - седмобој (Велика Британија)
Згодната Британка Кели Сотертон беше вистинско изненадување кога го освои бронзениот медал на Олимписките игри во 2004 во Атина. Во 2006 година освои златен медал, а во 2007 година се закити со бронза на светскиот шампионат.
7. Настја Лиукин - гимнастика (САД)
Родена во Русија, гимнастичарката Настја Лиукин го облече дресот во црвено, бело и сино. Тренирана од својот татко, 19 годишната Настја Лиукин досега има победи на девет светски шампионати. Во америнскиот тим е од 12 годишна возраст.
Гимнастичарките се познати по своите добри тела. Исто е и со Настја Лиукин - нејзиното тело е прогласено за едно од 11-те најдобри според магазинот Гламур.
6. Натали Коглин - пливање (САД)
Оваа русокоса Американка претставуваше вистинска сензација на Олимписките игри во Атина освојувајќи две злата, едно сребро и една бронза. Таа е втората пливачка која освоила 5 медали на олимписките игри. Со неколку срушени рекорди од неа може да се очекува многу и на овие олимписки игри.
5. Беки Хамон - кошарка (Русија)
Американка со руско државјанство. Хамон и покрај ова реши да игра за рускиот тим. Нејзиниот патриотизам беше жешко прашање во америнските медиуми, но таа не сакаше да ја пропушти шансата да биде дел од рускиот олимписки тим.
4. Хоуп Соло - фудбал (САД)
"Поразот е секогаш горчлив, особено кога беспомошно седиш на клупата за резерва"- вака Хоуп Соло го опиша поразот од 4-0 во 2007 година на светскиот куп во Бразил. Животна желба и е освојување на медал на Олимписките игри.
3. Ами Акуф - скок во височина (САД)
Ами Акуф ова лето по четврт пат е олимписка девојка, но позначајно за сите е најзиното појавување на насловната страница на Плејбој. Досега нема ниту еден медал, а нејзин највисок пласман е четвртото место на Олимписките игри во 2004 година во Атина. Ами преставува една од најпривчлечните олимпијки, која без срам се појави на насловните страни на Плејбој, Максим и ФХМ.
2. Аманда Бирд - пливање (САД)
Бирд била дел од насловните страни на познатите Плејбој, ФХМ и Спортс Илустрејтед. Исто така, вниманието на гледачите го привлече со појавување на едно познато светско шоу. Зад себе има има еден златен, четри сребрени и еден бронзен медал освоени на Олимпијадите во 1994 година во Атланта, 2000 година во Сиднеј и 2004 година во Атина.
1. Ана Ивановиќ - тенис (Србија)
Публиката ја забележа кога го освои нејзиниот прв Гренд слем во 2008 година. Ѕвездата во доаѓање преставува првата женска тенисерка од Србија во моментов рангирана помеѓу најдобрите светски тенисерки. Без срам се појави во јавноста, а Олимписките игри во Пекинг преставуваат нејзино дебитирање на олимписката сцена.