Среда, 20.08.2008 | 13:00
Стојче Стаменковски
Според резултатите од истражувањето на Европската комисија, четвртина од домаќинсвата во Европската унија користат само мобилни телефони, a 20% од нив телефонираат преку интернет.

Истражувањето опфатило 27 илјади домаќинства од 27 земји членки на ЕУ, а резултатите покажале дека 24% од домаќинствата наместо фиксни телефонски линии користат само мобилни телефони.
Во десет поранешни социјалистички републики кои денес се членки на Европската унија, тој број е поголем - во просек околу 39% од домаќинствата користат само мобилни телефони. Ова првенствено е последица од слабата развиеност на фиксната телекомуникциска инфраструктура, па мобилните телефони се единствена можноста за комуникација.
Сепак најголем рекордер е Финска, во која дури 61% од домаќинствата користат само мобилни телефони.
Резултатите од истражувањето покажале дека приближно половина од европските домаќинства имаат пристап до интернет, но само 36% можат да користат широкопојасна мрежа.
Во друга оддвоена студија, Европската комисија утврдила дека високите цени за користење на мобилен пристап до интернет надвор од сопствената држава преставува главна пречка за развој на овој дел од пазарот. Затоа, мобилните оператори се повикани да ги смалат цените, или во спротивно, Европската комисија ќе реагира и ќе биде присилена да наметне админстративни ограничувања поврзани со највисоките цени кои смеат да се наплаќаат на гостите корисници за користење на мобилен пристап до интернет.