Среда, 20.08.2008 | 13:32
Холивудските ѕвезди Џони Деп, Џуд Лоу и Колин Фарел, загрижени за иднината на двегодишната ќерка на нивниот трагично починат колега Хит Леџер, одлучија на малата Матилда да и ги подарат хонорарите што ги заработиле глумејќи во последниот филм на нејзиниот татко, “Др. Парнасус“.

Снимањето на филмот било прекинато по ненадејната смрт на австралискиот актер, но на режисерот Тери Гилиам му било понудено филмот да го заврши, така што Деп, Лоу и Фарел ќе ги снимат завршните сцени.
Бидејќи Леџер пред смртта не напишал нов тестамент, двегодишната Матилда, од врската со актерката Мишел Вилијамс, не е наведена како наследничка на неговиот имот.
Тери Гилиам изјавил дека “тоа е прекрасен гест и дека луѓето сигурно ќе сакаат да го видат овој филм токму поради фактот дека е полн со големи луѓе кои им помагаат на оние на кои им треба помош“.