Четврток, 21.08.2008 | 08:02
Новата генерација на играчки конзоли Wii на Nintendo и натаму е најпродаваната конзола во светот. Wii веќе десет месеци по ред е пред своите конкуренти Xbox 360 и PlayStation 3.
Само во јули се продадени повеќе од 550.000 Nintendo конзоли, а од пуштањето во промет на Wii - повеќе од 11.4 милиони парчиња завршија во рацете на возбудените корисници.
Според NDP Group, компанија која врши истражувања и анализа на пазарот, во истиот месец продадени се околу 225.000 PlayStation 3 конзоли на Sony (од вкупно 5.7 милиони) и 200.500 Xbox 360 конзоли (од вкупно 10.7 милиони), со напомена дека Microsoft ја пласираше својата конзола една година подоцна во однос на конкуренцијата.
Последен пат кога Wii го загуби водството во трката за најпродавана играчка конзола беше септември 2007, кога на прво место изби Xbox 360 благодарение на појавувањето на Halo 3.