Четврток, 21.08.2008 | 12:34
Еlectronic Arts објави дека на 20-ти септември ќе ја издаде новата верзија на нивната најпопуларна и најпродавана франшиза - Sims. Првично беше најавено дека играта ќе се појави на пазарот на почетокот на идната година.

На прес конференцијата која претставниците на Electronic Arts ја одржаа во Лајпциг, најавено е дека Sims 3 на корисниците ќе им овозможи поголема контрола над виртуелните ликови, како и алатки за модифицирање на опкружувањето по желба.
Досега се продадени околу 100 милиони копии од оваа игра, чија прва верзија беше издадена во далечната 2000-та година, а својата публика ја најде помеѓу играчите кои не се големи љубители на традиционалните гејмерски жанрови.