Вкупно 48 субјекти од Европа, Кина, Индија и од Северна Америка пројавија интерес за учество на тендерот за концесии на автопати со наплата на патарина во Македонија.
Ова го соопшти министерството за транспорт и врски, додавајќи дека компаниите што успешно ќе ја минат предквалификацијата, ќе учествуваат на тендерот за концесии на автопати со наплата на патарина.
Оние што ќе добијат на тендерот заедно со Владата ќе учествуваат во проектирање, изградба, финансирање, работење и одржување на вкупно 550 километри патишта во Македонија, поделени во седум делници.