Шоубизнис

» поопширно



Неделен берзански извештај

Изминатава недела слично како и претходната без некои позначајни случувања и настани поврзани со компраниите кои котираат на Македонската Берза.

Остварениот неделен промет беше на нешто пониско ниво во однос на претходната седмица, 78.016.689,55 денари. Првите пет фирми кои го означија неделново тргување беа: Комерцијална банка со 15 милиони денари промет, Гранит со 10 милиони денари, корпоративните обврзници на Прокредит банка, кои остварија промет од 9 милиони денари во петокот, Макпетрол со 7 милиони денари и на последното место неделава, Алкалоид со 6 милиони денари. Индексите беа цела недела во благо опаѓање, посебно берзанскиот индекс, кој поради падот на скоро сите акции, креатори на МБИ, забележа пад кој во четвртокот достигна до 5.090 поени.  

Во однос на ценовно чувствителни инфомации значајно е да се спомене дека Надзорниот одбор на Инвестбанка АД Скопје потврди дека се водени преговори со Австриската Штаремаркише банка во врска со давање Понуда за откуп на 254.362 обични акции на Инвестбанка АД Скопје. По дадената дозвола од Комисијата за хартии од вредност за давање понува за откуп, понудата се објави во весникот Дневник во понеделникот (18.08.2008), а до Надзорниот одбор на Инвестбанка АД Скопје е доставен Проспектот за откуп на обични акции .

Исто така, неделава на македонскиот пазар на хартии од вредност се појави нов учесник, Статер банка АД Куманово, која од Комисијата за хартии од вредност доби дозвола за работење со хартии од вредност. Статер банка, согласно со Законот за хартии од вредност, преку Секторот за инвестиционо банкарство во Скопје, ќе ги врши сите видови услуги со хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност од 20 август ја одобри четвртата емисија акции на Евроинс осигурување АД Скопје (поранешен Макошпед осигурување АД Скопје). Со оваа емисија ќе се издадат 557 обични акции, и тоа за постојните акционери на друштвото. Продажната цена за акција изнесува 41.500 денари.

http://www.kajgana.com/statija_2466.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com