Понеделник, 25.08.2008
Со цел да не ги повреди верските чувства на своите гледачи, МТВ Арабија за време на строгиот муслимански пост Рамазан нема да емитува музички прилози.
МТВ Арабија за време на Рамазан ќе прикажува само документарни филмови, вести од светот на музиката и “културни програми“, изјави директорот на телевизијата. Покрај тоа, програмата ќе се прекинува секој ден на залезот на сонцето, поради молитва.
МТВ Арабија е основана во ноември 2007 година.
Муслиманските верници за време на Рамазан од излезот до залезот на сонцето се откажуваат од јадење, пиење, секс и цигари.