Понеделник, 25.08.2008
Фифти Сент, кој во изминатата година заработил неверојатни 150 милиони долари, го завзеде првото место на листата на најбогатите хипхопери според Форбс. Втор е Џеј Зи, а трет е Пи Диди.

Куртис Џејмс Џексон, односно Фифти Сент, поголемиот дел од парите ги заработил од продажбата на своите акции во фабриката за минерална вода "Vitamin water" која ја купила Coca Cola.
Фифти е и сопственик на модната линија G-Unit, како и на издавачка куќа, а моментално преговара и за купување на неколку рудници во Африка. Но, ова не е се - Фифти планира наскоро да лансира и дезодоранс, а и линија кондоми.
Џеј Зи, кој минатата година беше прв на листата на Форбс сега е втор, со заработени 82 милиони, а најголемиот дел од неговите приходи се остварени од договорот кој го потпиша со "Live Nation" и од продажбата на албумот "American Gangster" oбјавен во ноември минатата година.
На третото место е Пи Диди, кој инкасирал 35 милиони долари,а четврт е Кени Вест со 30. Меѓу првите десет се наоѓаат и Тимбаленд (22 милиони), фарел Вилијамс (20 милиони), Свиз Битс (17), Снуп Дог (16), Др. Дре (15) и Лудакрис (14 милиони).