Понеделник, 25.08.2008 | 09:45
Крајниот рок за пријавување концесионери за двата македонски аеродроми - Александар Велики во Скопје и Свети апостол Павле во Охрид, истекува денеска.
Во трка за добивање концесии се четири странски компании, по една од Германија, Турција, Австрија и Франција.
Аеродромите во Скопје и Охрид ќе се даваат под концесија на 20 години, а со ова се очекува и нивна конечна модернизација во европски.
Заинтересираните компании денеска треба да аплицираат со соодветната документација, по што понудите ќе ги оценува посебна комисија.