Понеделник, 25.08.2008 | 15:07
Само турската компанија „TAV“ достави понуда на тендерот за давање на аеродромите Александар Велики - Скопје и Св. Апостол Павле - Охрид под концесија и за изградба на карго-аеродром во Штип.
Според Комисијата за евалуација на тендерската документација, која денеска јавно ја отвораше тендерската документација, и со една понуда процедурата е валидна и законска.
Во втората фаза од тендерската постапка квалификувани беа четири компании: “Vienna International Airport” – Австрија, “TAV” – Турција, “Hochtief“ – Германија и “EGIS - Koupthing Singer & Friedlander” – Франција/Велика Британија.
Комисијата за спроведување на тендерската постапка ќе изврши евалуација на доставената документација и ќе донесе одлука за избор на најповолниот понудувач.