Понеделник, 25.08.2008 | 15:15
Почетокот на новата недела не донесе некои позначајни измени во однос на тргувањето со хартии од вредност.
Во понеделникот, на Македонската Берза се оствари промет од 13. 115.506,99 денари, од 104 трансакции, од кои на Официјалниот Пазар се оствари промет од 10.897.344,99 денари, од 76 трансакции, а на Редовниот Пазар прометот изнесуваше 2.218.162,00 денари, од 28 трансакции.
Берзанскиот индекс забележа раст од 0,56 проценти, индексот на јавно поседувани друштва панда за 1,65 проценти, а индексот на обврзниците падна за 0,04 проценти.
На Официјалниот Пазар најмногу се тргуваше со акциите на Макстил Скопје, Топлификација Скопје и Алкалоид Скопје.
Прва во однос на обем на тргување беше акцијата на Макстил Скопје, која се тргуваше по просечна цена од 398,10 денари. Се истргуваа 6.195 акции, а се оствари промет од 2.466.215,00 денари.
Втори по вредноста на тргување на Официјалниот Пазар беа акциите на Топлификација Скопје. Се истргуваа 230 акции по просечна цена од 7.303,33 денари, а беше остварен промет од 1.679.765,00 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Алкалоид Скопје, се истргуваа 195 акции по цена од 7.292,31 денари, а беше остварен промет од 1.422.000,00 денари.
Нагорна промена на овој Пазар забележа акцијата на Гранит Скопје која се тргуваше по цена од 1.397,39 денари што е за 4,32 процент повисоко во однос на претходните тргувања со овие акции. Се истргуваа 893 акции, а прометот изнесуваше 1.247.865,00 денари.
На Редовниот Пазар прометот во најголем дел го остварија акциите на Македонски Телеком Скопје и Арцелормиттал (ХРМ) Скопје.
Најголемиот промет го остварија акциите на Македонски Телеком Скопје, се истргуваа 1.613 акции, по просечна цена од 682,21 денари, а прометот изнесуваше 1.100.399,00 денари.
Втори по вредност на тргување на овој Пазар беа акциите на Арцелормиттал (ХРМ) Скопје, каде се истргуваа 1.505 акции по цена од 394,32 денари, а се оствари 593.446,00 денари промет.
На овој Пазар нагорна промена забележаа акциите на Факом Скопје кои се тргуваа по цена од 12.600,00 денари, што значеше пораст на цената од 14,55 проценти во однос на претходни тргувања со овие акции. Се истргуваа 5 акции, а остварениот промет изнесуваше 63.000,00 денари.
Пет најтргувани акции
1. Макстил Скопје
2. Топлификација Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Македонски Телеком Скопје
5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје
Акции со најголем пораст
1. Факом Скопје 14,55%
2. Раде Кончар Скопје 5,68%
3. Гранит Скопје 4,32 %
4. ОХИС Скопје 3,91 %
5. Жито Лукс Скопје 2,97 %
Акции со најголем пад
1. РЖ Економика Скопје 16,74%
2. Уни банка Скопје 9,04%
3. ОКТА Скопје 6,58%
4. ЕМО Скопје 4,48%
5. Макошпед Скопје 2,98%