Вторник, 26.08.2008 | 11:17
Без оглед на полот, годините и слично - сите лажат. Но, постојат лажговци кои го прават тоа од навика, а постојат и такви кои лажат кога мораат (читај - кога мислат дека мораат). Ваквите лаги се нарекуваат бели, невини лаги.

Еве ги најчестите бели лаги кои мажите ги употребуваат:
Сакав да ти се јавам
Ова е малку понесурова лага од онаа "Ќе ти се јавам", бидејќи кажуваат дека сепак мислеле на вас и планирале да ви се јават, но на крајот сепак нешто ги спречило. Всушност, не сакаат да кажат дека имале поинтересна забава.
Се е во ред
Повеќето мажи тешко искажуваат чувства кога нешто ги мачи, за разлика од жените кои бараат рамо за плачење и тешење. Кога ќе го видите тажен и скиснат и ќе го прашате што му е, а тој само ќе одмавне со рака и ќе каже дека се е во ред, знај дека нешто го мачи.

Не ја гледав, жими се
Кога ќе здогледаат добро парче, мажите тешко можат да се воздржат од зјапање и плакнење очи. Кај жените тоа предизвикува љубомора, а кога ќе рече дека не гледал, всушност сака да каже "Абе те сакам, ама морав да погледнам".
Ако нејкеш секс, нејќам ни јас
Кога се работи за првиот пат, на жените им е битно тоа да се случи на вистинското место, во вистинското време и со вистинската личност. За разлика од нив, мажите не си прават такви сценарија во глава. Вистината е дека ги интересира само да го направат тоа (океј, без лутење, чест на исклучоците). Затоа, кога ќе ти каже дека не сака секс доколку и ти не сакаш - всушност сака да ти каже дека ја почитува твојата одлука, но што се однесува до него - би го направил тоа сега и овде.
Никогаш нема да те лажам
Кога сте заљубени, лесно паѓаат вакви изјави. Но, речениците кои го содржат зборот "никогаш", често се невистинити и затоа не е џабе речено "никогаш не вели никогаш". Кој може да се обврзе дека баш секогаш, без обзир во која ситуација е, дека секогаш ќе ја говори вистината? Всушност, и премолчувањето може да биде лага.