Среда, 27.08.2008
Microsoft ќе му плати на славниот комичар Џери Сеинфилд десет милиони долари за да настапи во 300 милиони долари вредната кампања за Windows Vista, која би требало да го живне оперативниот систем кој и не беше најдобро прифатен од корисниците.
Кампањата е една од најголемите во историјата на компанијата, а Сеинфилд во неа ќе настапи заедно со тазе пензионираниот Бил Гејтс.
Темата на кампањата ќе биде "Windows, not Walls" (Прозори, а не ѕидови), објави The Wall Street Journal, a ќе се фокусира на "рушење на препреките кои го спречуваат поврзувањето на луѓе и идеи".
Vista беше пуштена на пазарот минатата година, меѓутоа не успеа да се пробие на пазарот како што се очекуваше, а многу од корисниците ја заменија повторно со Windows XP, кого го сметаат за побрз и постабилен.
Microsoft моментално развива наследник на Vista под назив Windows 7, кој на пазарот би можел да се најде веќе идната година.