Среда, 27.08.2008
Автентичниот Бетмобил од 1989 година, кој го возеше Мајкл Китон борејќи се против Џокер и лошата екипа, се продава за "само" 110.000 долари на eBay.

Љубителите на автомобили со подлабок џеб, кои секогаш сакаат да бидат оригинални и уникатни, сигурно ќе бидат заинтересирани за оваа примамлива понуда, поготово кога станува збор за речиси неупотребуван Бетмобил. Без сомнение, новиот сопственик на оваа уникатна машина ќе ги доведе своите комшии (кои сигурно веќе возат Ферари или Ламборџини) до плач.
За потребите на снимањето на филмот беа произведени 5 вакви автомобили, од кои овој е последниот, кој беше во сопственост на Warner Bros. Идниот сопственик, исто така, треба да потпише екслузивен договор со Warner Bros со кој се обврзува на одржување, чување и домаќинско управување на овој автомобилски раритет.
Бетмобилот е во возна состојба и после пет години поминати во "пештера", има поминато само стотина километри, а го придвижува мотор на Шевролет со 8 цилиндри.







