Федерацијата на фармерите во Македонија најавува масовни протести и блокади, кои ќе започнат на 28 август ( четврток), поради незадоволството од млекарниците, кои нудат ниски откупни цени за сировото млеко.
„Приложивме документи како доказ дека млекарниците го исплажаат млекото од 11 до 15 денари, што е основно непочитување на правилникот, а млекото не ни се отплаќа во ек на откуп на сточна храна“, се наведува во соопштението на Федерацијата на фармерите.
Најaвувајќи дека „нема да се дозволи печалба на нивен труд“, фармерите најавуваат дека блокадите ќе траат се додека не се исполнат нивните барања.
Млекопроизведителите минатата недела како предупредување за масовни штрајкови, блокираа патишта и истураа дел од млекото во знак на револт поради неговата ниска откупна цена.