Среда, 27.08.2008 |
Филип Петрески
Играчот од средниот ред на Јувентус Тиаго одби трансфер во Порто. Старата Дама има потешкотии да го убеди Португалецот дека веќе не е пожелен на „Комунале“ и дека треба да оди во нов клуб.
Поранешниот играч на Челзи и Лион веќе не е во плановите за освојување титули на Клаудио Раниери и Јувентус го нуди на сите можни страни, но Тиаго тврдоглаво ја одбива секоја понуда. Одби веќе договорен трансфер во Евертон, а претходно и во Тотенхем, и како капак на каприците на Тиаго е последниот негов потег, ставање вето на трансферот во Порто.
Тренерот Клаудио Раниери по третото одбивање му даде до знаење на преценетиот Португалец дека ако не си најде нов клуб до 31-ви август, ќе ја преседи цела сезона на клупата, затоа што не е ни пријавен за Лигата на Шампионите, а не е ни меѓу потесниот круг на играчи што би се бореле за место во првите 11.