Шоубизнис

» поопширно



US Open: Победа на Федерер

Среда, 27.08.2008 | 12:44
Фросина Дишлијовска

 

Роџер Федерер го започна овој турнир како екс број 1 тенисер во светот и најави дека ќе се бори да го освои по петти пат по ред.

Во првиот натпревар го победи Максимилијано Гонзалез со 6-3, 6-0 и 6-3.
"Ова беше одличен натпревар. Сервирав многу добро, а мислам и дека моите движења низ теренот беа беспрекорни. Но, сепак морам да играм поагресивно ако сакам да продолжам да доминирам на врвот и да си ја вратам првата позиција во светот. Исто така, олимпиското злато кое го освоив во натпреварите во двојки ми даде поттик и ме охрабри уште повеќе во намерата.", изјави Федерер, откако на терените на Флешинг Медоуз се појави како втор носител на АТП листата по долго време владеење.

Ова му е шанса да се врати во игра откако годинава освои две титули, но ги загуби круните на Вимблдон и Австралија Опен.

Гонзалез не можеше да се справи со искористените 7 од 13 брејк шанси и 73-постотната реализација на сервисот на Федерер пред 20,000 гледачи на Артур Еш стадионот.

Нареден противник на Федерер ќе биде бразилецот Тиаго Алвес.
Во другите одиграни натпревари на US Open, фаворитите се справија одлично. "Изморениот" Рафаел Надал го победи 136-от носител на листата Бјорн Фау( 7-6, 6-3, 7-6), додека Ана Ивановиќ која изгледа се` уште закрепнува од повредата со која се здоби на ЛОИ за малку ќе се посрамотеше и ќе изгубеше уште во првата рунда од Вера Душевина. Сепак, успеа да се сконцентрира и го доби мечот со 6-1, 4-6, 6-4.

http://www.kajgana.com/statija_2534.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com