Шоубизнис

» поопширно



Унапредување на Кредитниот регистар

Четврток, 28.08.2008

Кредитниот регистар што се води кај Народната банка на Македонија се проширува со повеќе податоци.

Се предвидува известување по поединечна кредитна партија, наспроти досегашното збирно известување за сите кредитни партии на поединечен клиент.

Покрај постојните се обезбедуваат и дополнителни податоци и тоа:
· Валутната структура на задолженоста на клиентите
· Рочноста на задолженоста
· Висината и видот на каматната стапка
· Износот на достасани побарување, максималниот број на денови на доцнење во отплата на обврските
· Начин на отплата на кредитот (еднократно или ануитетски)
· Статус на кредитот (рестурктуиран, пролонгиран)
· Усогласеноста на девизната позиција на клиентот и видот и вредноста на обезбедувањето.

Исто така се намалува прагот на поединечна изложеност што се пријавува од страна на банките од 500 илјади денари на 300 илјади за правни лица и од 150 илјади денари на пет илјади денари за физички лица. Штедилниците треба да ја пријавуваат изложеноста над пет илјади денари, наместо досегашните 50 илјади.

Податоците во Кредитниот регистер ќе се ревидираат секој месец наместо досега, на секое тримесечје.

Ова, како што соопшти денеска Народната банка на Македонија е предвидено со новодонесената Одлука за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар, со која се заокружува последната фаза од реализацијата на проектот за унапредување на постојниот Кредитен регистар на НБМ.

http://www.kajgana.com/statija_2535.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media