Аston Martin објави планови за својот најнов супер автомобил, со кодно име Оne – 77, кој би требало да чини најмалку 1,3 милиони евра без данок и да биде најскапиот модел на автомобил на пазарот.

Секој од 77-те примероци на автомобилот со ограничена серија, ќе биде скроен по желбите на индивидуалниот купувач, а инженерите и дизајнерите точните спецификации на секој примерок ќе ги договараат со идниот сопственик.
Алуминиумската шасија ќе се изработува рачно, додека моторот со запремнина од 7.0 литри и 12 цилиндри ќе овозможува максимална брзина од 354 километри на час, со забрзување до 100 километри на час за 3,5 секунди.
Аston Martin идентификувал околу 500 потенцијални купувачи и има намера на секој од нив да му понуди демонстрација на новиот модел, на било која локација што ќе му одговара на купувачот.
Првите модели се очекува да бидат испорачани на купувачите кон крајот на 2009 година.
Повеќе