Шоубизнис

» поопширно



Калигула без цензура

Четврток, 28.08.2008 | 13:57

Иако ретко прикажуван и тешко достапен, филмот кој го стекна култниот статус излегува нецензуриран на ДВД, бидејќи британските цензори и покрај хардкор сексот и зоофилијата - ја откриле неговата важност.

Британскиот одбор за филмска класификација (BBFC) дозволи продажба на филмот Калигула и покрај експлицитните сцени на секс, инцести и зоофилија, бидејќи смета дека има историска вредност.

Оргиналната верзија на филмот од 1979 година е направена по сценариото на Гор Видал, требаше да биде историска драма за полудениот римски цар кој владеел кратко од 37-та до 41-та година и кој во историјата остана запамтен по својата сексуална слобода.

Но, порнографот Боб Гучионе кој го финансирал филмот сметал дека во оргиналната верзија нема доволно секс. На Видал му сметале постојаните сугестии на Гучионе, па се повлекол од проектот, а го заменил режисерот Тинто Брас, кој исто така не можел да го задоволи финансиерот, па на почетокот од 1977 година отказ добил и Брас.

Филмот за прв пат е прикажан во Кан во 1979 година, во првичната верзија од три ипол часа, во која Гучионе ги вметнал отпосле снимените сцени со хардкор секс.

Малколм Мекдауел, кој во филмот го игра царот, изјави дека бил бесен кога Гучионе одлучил во филмот да вметне и експлицитни сцени на секс.

Филмот кратко време е прикажуван во САД, но во Британија никогаш не доживеал јавно прикажување бидејќи бил забранет, а многумина го сместувале во категорија на хардкор порничи.

Но, отсега ќе може да се купи и во Британија.

"Бидејќи филмот го оценивме како историски важен, не мора да е цензуриран", изјави Сју Кларк од BBFC.

http://www.kajgana.com/statija_2544.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com