Шоубизнис

» поопширно



Скапи статисти

Петок, 29.08.2008

Дванаесет статисти бараат 11 милиони долари оштета од Том Круз и неговата продуцентска компанија, поради повредите здобиени за време на снимањето на филмот "Валкир" минатата година во Берлин.

Статистите се здобиле со скршеници на коските и исекотини кога на 19-ти август минатата година паднале од тенк од Втората светска војна додека се возеле низ центарот на Берлин.

Според адвокатот на статистите, тенкот не бил добро обезбеден и несреќата се случила кога тој се откачил за време на вртењето во друга насока. Тужбата и барањето за оштета се поднесени против Круз, кој не бил присутен на снимањето тој ден, како и против неговиот бизнис партнер компанијата Јунајтед Артистс.

Филмот е наречен "Валкир" според шифрираниот назив на заверата која ја планирале група високи германски офицери, со цел да го убијат Адолф Хитлер. Круз во него го играше инспираторот на заверата Клаус фон Штауфенберг.

Премиерата на филмот неколку пати беше поместувана, па најновиот најавен датум е 26-ти декември.

http://www.kajgana.com/statija_2552.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com