Петок, 29.08.2008
По повод 50-от роденден на Мајкл Џексон, британскиот таблоид "Дејли Мејл" објави фотомонтажа на неговиот изглед, која стручњаците ја направиле со цел да покажат како поп кралот би изгледал сега, доколку не направил ниту една пластична операција.

Мајкл досега има направено десетици операции кои ја сменија целосно структурата на неговото лице. Операции на носот, пределот на челото, усните, брадата и јаболчниците.
Славниот музичар кој денес полни 50 години, неодамна изјави дека поминува голем дел од времето пред огледалото, каејќи се затоа што толку го променил својот изглед.
"Незнам зошто ми требаше тоа. Претпоставувам дека сите прават грешки во младоста", изјави тој.