Петок, 29.08.2008
Од Microsoft Live Labs стигна известувањето дека услугата Photosynth конечно им е достапна на сите корисници. Панорамските и 3D фотографии со оваа бесплатна алатка се доведени на едно сосема ново ниво.

Пред скоро 2 години Microsoft ја претстави бета верзијата на Photosynth, тхнологијата која овозможува изработка на тродимензионални и панорамски фотографии од низа класични дигитални фотографии.
Демонстрацијата на пробната верзија беше навистина импресивна, а од сега Photosynth можат да го користат сите, и тоа бесплатно.
За да можете да го користите Photosynth, потребно е на photosynth.net да ја превземете датотеката со инсталацијата (8.2МВ). Истата содржи додаток за веб прелистувач кој ви овозможува преглед на Photosynth-овите и апликација која овозможува сопствено поставување на личните.
Услугата бара регистрација, но процесот е целосно безболен.
Како и да е, без обзир на тоа дали сакате да создавате сопствени 3D "синтови", препорачуваме да ја посетите страната и да погледнете некои од постоечките, како на пример тродимензионалната прошетка низ Стоунхенџ.