Петок, 29.08.2008 | 10:56
Индустриското производство во Македонија во јули годинава забележало растеж од 14,7 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2008 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 114.7, а во споредба со јуни годинава изнесува 102.9.
Индексот на индустриското производство во јули 2008 година, во однос на просечното производство во 2005 година, изнесува 123.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во јули 2008 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 41.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 30.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање на производството од 28.5%.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2008 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 51.3%, Капитални производи за 31.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 38.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.2%, додека производството бележи опаѓање кај Енергија за 13.5%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2008 година, во однос на периодот јануари - јули 2007 година, изнесува 109.8.