Шоубизнис

» поопширно



Неделен берзански извештај

Иако се навестуваше дека и ова недела ќе мине без позначајни промени, сепак последниот работен ден ја промени целата ситуација, завршувајќи со промет од 1.423.815.872,89 денари.

Креатори на овој промет беа акциите на ИК банка, каде со четири Блок трансакции се истргуваа 26.818 акции по цена од 52.469,96 денари, а остварениот промет изнесуваше 1,4 милијарди денари, што претставуваше 64,05 проценти од основната главнина на друштвото. 
Овие акции котираат на Редовниот Пазар- Слободен Пазар, а номиналната вредност на акциите е 10.000,00 денари.

Остварениот неделен промет изнесуваше 58.841.067,01 денари. Фирмите со најголем промет неделава беа: Комерцијална банка со 6 милиони денари, и ТТК банка и Алкалоид со по 4 милиони денари.  Индексите повторно без позначајни промени. Во петокот, МБИ заврши на позитивни 0,29 проценти, МБИД падна за 0,28 проценти, а ОМБ порасна за 0,88 проценти.

Петочното тргување зарши со промет од 10 милиони денари, несметајќи го прометот остварен од Блок трансакциите со акциите на ИК банка. Карактеристично за петокот беше тоа што скоро 60  проценти од вкупниот промет на пазарот беше остварен од тргување со обврзниците, каде водечка позиција имаа обврзниците од старото девизно штедење со промет од 3,9 милиони денари. Во однос на акциите, ниту една акција со исклучок на Комерцијална банка не направи промет поголем од еден милион денари.

Во однос на новините и известувањата значајно е да се спомене дека на седницата што се одржа на 26.08.2008 (вторник), Одборот на директори на Македонска Берза донесе одлука за котација на Седмата емисија на обврзници од денационализација. Издавач на обврзниците е Р.Македонија, вкупниот број на издадени обврзници е 30.000.000 обврзници со номинална вредност од 1,00 евро по обврзница. Од моментот на нивно издавање до петокот беше остварен промет од 3 милиони денари со овие обврзници, кои се тргуваат по 80,40.

Од вторникот на Македонската Берза ќе може да се тргува со акциите на Страшо Пинџур АД Кавадарци . Овие акции котираат на Редовниот Пазар- Слободен Пазар, а издадени се 7.344 акции по номинална вредност од 51,13 евра.

http://www.kajgana.com/statija_2573.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com