Понеделник, 01.09.2008
Никола Наумовски
Веднаш по претставувањето на AMG верзијата на SL класата на Меrcedes, Brabus започна со нејзино тјунирање. SL 600 има V12 мотор со зафатнина од 6.300 ccm, кој надополнет од двата турбо полначи развива 720 КС. Според Меrcedes, ова е најбрзиот седан кој може да се најде во сериско производство.

Со зголемувањето на зафатнината на моторот која оригинално изнесуваше 5.500 ccm, распоредот на елементите под хаубата драстично е различен. За да се истакнат спортските карактеристики, на елегантната изведба на SL дизајнерите на Brabus користеа воздушен тунел. Мали измени претрпе предниот браник, кој е редизајниран за поагресивен изглед и подобра аеродинамика. Со додавањето на лед светлата за магла се добива доста добар изглед, а и стабилност на браникот при високи брзини.

На задниот дел редизајниран е браникот во кој се вградени карактеристично за Brabus 4 хромирани издуви. 20 инчните бандажи, само го надополнуваат спортскиот изглед на Меrcedes. На овој модел Brabus го редизајнира и системот за сопирање, кој е поефикасен и се совпаѓа со спортскиот дух на возилото.
Ентериерот е изменет и е доста полуксузен, изработен во црно-сребрена комбинација, направен исклучиво од квалитетни материјали како хром и кожа. Исто така се додадени и палки за менување на брзините позади управувачот.

Забрзувањето од 0-100 е за само 3.9 секунди, до 200 км/ч достигнува за 10 секунди, додека максималната брзина е 351 км/ч.
