Шоубизнис

» поопширно



Санкт Петерсбург

Понеделник, 01.09.2008
Даница Ангеловска

Санкт Петерсбург се наоѓа во Русија, на источниот брег на Балтичкото Море и зафаќа површина од 1.439 кm2. Сместен е на многубројни острови формирани околу реката Нева, со што поттикнал повеќе набљудувачи да го нарекуваат “Градот на 101 остров”.

Покрај неа, овој град има уште 90 други реки и канали, а поради тоа, како и поради останатите негови убавини и сличности со други градови често се нарекува северна Венеција, источен Париз или северниот главен град на Русија.

Неговата убавина е посебна и уникатна. Од феноменот белите ноќи, фестивалите за време на мистериозните летни замрачувања, па се до врвните театарски и балетски дела и концерти во волшебните зимски ноќи, градот нуди живописен културен живот без конкуренција.

Покрај Белите Ноќи, Санкт Петерсбург има уште еден феномен, а тоа е плимата. Таа се појавува често, а најмногу во есен, кога е предизвикана од силните западни ветрови. Во историјата на овој град, Нева се подигнала над вообичаеното ниво повеќе од 300 пати. За пратење на плимата изграден е мерач за ниво на водата, блиску до Мининг институтот во 1877-та година. Таа се забележува кога водата се искачува 180cm над нормалното ниво. Најголемата плима се случила во 1824-та година во ноември, кога водата се искачила на дури 4,1 m над нормалното ниво.

Поголемиот број од островите врз кои се наоѓа Санкт Петерсбург, се поврзани со толпата од мостови. Вкупната должина на сите мостови е околу 16 km. Најдолгиот мост кој е изграден над реката Нева се вика мостот на Александар Невски со должина од 909 m, а најширокиот е Синиј на реката Моика со ширина од 99,5 m.

До денес, градот има сменето повеќе имиња. До 1914-та година се викал Санкт Петерсбург, од тогаш до 1924-та Петроград, па Ленинград до 1991-та, кога повторно си го вратил своето првобитно име. Иако е стар само 300 години, има богата и возбудлива историја, полна со драматични настани и многу историски личности. Градот на палати и музеи, широки авении и спирални канали, од неговата кратка историја е надарен со изобилство од архитектонски и уметнички богатства.

Покрај светски познатите атракции како што се музејот Ермитаж, катедралата на Св. Исак и театарот Марински, добива поени и со помалку познатите, но еднакво фасцинантни знаменитости, кои се поврзани со неговото политичко и империско минато, како и со мистериозните и потресни приказни, кои допреле голем дел од големите сликари и писатели, како Пушкин, Достоевски, Чехов, Чајковски итн.

Санкт Петерсбург, градот кој сеуште се смета за главен град на културата во Русија, ја одразува необичната судбина на земјата повеќе од било кој друг град, а неговата уникатно богата атмосфера, моќно ги привлекува и одмара дури и најистоштените патници.

http://www.kajgana.com/statija_2585.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com