Шоубизнис

» поопширно



Најчестите грешки кои мажите ги прават во кревет

Понеделник, 01.09.2008

Некои грешки во сексот се толерираат. Возбуда, прв пат, неудобно место, лош ден, сето ова може да биде олеснителна околност. Но, проблемот е кога истите грешки се повторуваат. Во таквите случаи жените бегаат, а мажите се прашуваат што згрешиле. Еве ги одговорите.

Според сексолозите, еве ги најчестите грешки кои ги прават мажите во кревет:

Не тргнувајте веднаш во акција
Жената мора да биде вистински возбудена бидејќи во спротивно секаква акција подоле од папокот нема да биде воопшто интересна. затоа, фокусирајте се на целото нејзино тело, од главата до прстите на нозете, пред да дојдете до "финалето". Нема правило колку долго треба да трае предиграта, бидејќи таа трае цел ден. Жената сака да биде заведена.

Пронајдете ја фамозната Г-точка
Толку спомнуваната Г-точка се наоѓа пет сантиметри во внатрешноста на предниот вагинален ѕид и е со големина на лешник. Таа е како внатрешен клиторис. Со нејзиното стимулирање се постигнува длабок и силен оргазам кој понекогаш произведува и течност со која жените ејакулираат. Но, тешко е да се доживее, бидејќи и пронаоѓањето на самата Г-точка не е лесна задача. Затоа, трпеливо и без брзање уживајте во истражувањето на телото, а тоа што го барате - на крајот ќе го најдете.

Не се сите жени порно ѕвезди
Многу мажи очекуваат жените да ги исполнат сите нивни фантазии, а тоа го имаат научено гледајќи порно филмови. Но, ехеј - порничите се фантазија и се далеку од реалноста. Да се очекува од жена да се однесува како порно ѕвезда е едноставно - премногу.

Ни мажите не мораат да изгледаат како порно ѕвезди
Ни на мажите не им е лесно кога ќе се земе во предвид дека фраерите во порничите се така надарени. Но, за среќа, многу малку жени сонуваат да бидат со фраер кој има такво оружје меѓу нозе, а повеќето се совршено задоволни со просекот.

Еден оргазам често не е доволен
Додека на мажите и еден им е најчесто доволен, на жените им треба повеќе. Многу од нив по првиот сакаат да доживеат уште неколку оргазми. Ова не значи дека првата рунда им била лоша, туку едноставно ова е една од разликите помеѓу половите. Затоа, стегнете заби и овозможете и повеќекратно задоволство.

http://www.kajgana.com/statija_2586.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com