Вторник, 02.09.2008
Пеглањето со инекции Ботокс кој го блокира преносот на нервните дразби и предизвикува парализа на поединечни мускули не е толку банално. За повеќе од 600 лица во ЕУ било прилично неугодно, а за 28 од нив - смртоносно.
Европската агенција за лекови EMEA утврдила дека повеќе од 600 лица кои добивале инекции со Ботокс имале сериозни проблеми, а 28 од нив починале. Се работи за случаи до 2007 година.
Во Германија станува збор за 210 случаи од 1994 година, меѓу кои 5 смртоносни, наведува Германската агенција за лекови.
Минатата година Европската унија упати допис до здравствените работници во кој ги предупреди на опасностите поврзани со овој токсин.
Годинава, Food and Drug Administration (FDA), американската надзорна институција за лекови, предупреди дека употребата на Ботоксот може да биде опасна, па дури и смртоносна.
Ботоксот се користи во козметичката индустрија и се вбризгува за "бришење на брчките и подмладување на лицето".