Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Среќко Катанец, во пресрет на старот на новиот квалификациски циклус за Мундијалот 2010 година, најави дека посакува барем 3 бода од првите две средби со селекциите на Шкотска и Холандија.
Катанец додаде дека очекува неговите избраници и на овие дуели да ја продолжат добрата игра од неколкуте последни пријателски мечеви, а да се подобри ефикасноста која беше проблем во изминатиот циклус.
"Не очекува тежок натпревар против Шкотска. Треба да биде стрпливи и континуирано да напаѓаме. Домаќини сме и сигурно дека одиме на победа. Доколку сакаме да победиме ќе мораме да ги користиме нашите шанси." - изјави Катанец.
Од повиканите, во репрезентацијата ќе недостасува Горан Попов, врз кој изминатите денови била извршена хируршка интервенција.
Натпреварот со Шкотска на програмата е на 6-ти септември со почеток од 15 часот.