На денешните два тренинга на Македонската репрезентација, Горан Пандев иако присуствуваше, не тренираше поради повреда на коленото. Според докторот на репрезентацијата, Пандев сепак од утре ќе може да се приклучи на тренинзите.
Здравствената состојба на останатите фудбалери во репрезентацијата е во ред, вклучувајќи го и Илчо Наумовски, кој исто така се жалеше на мала повреда.
Денес се очекува да пристигне и голманот Петар Милошевски, по што селекторот Катанец ќе го комплетира составот на кој може да смета за дуелите против Шкотска и Холандија.