Шоубизнис

» поопширно



За ниските плати ќе нема персоналец

Среда, 03.09.2008

За платите во износ под 7.000 денари од први јануари Министерството за финансии најавува ослободување од персонален данок. Ова е дел од предлогот на Mинистерството за воведување на систем на бруто плати во државава.

Според проекциите на министерот Славески, стапката за даночно ослободување ќе се зголеми за двапати, односно од сегашните 3.294 денари ќе порасне на 6.800 денари. На овој начин сите плати кои не го надминуваат даночното олеснување, ќе бидат ослободени од персонален данок.

Ќе ги поттикне ли ослободувањето од персоналецот, работодавачите да им ја намалат платата на работниците?

- Јас не верувам во такво нешто. Кога беше предложен концептот за бруто плата од Министерството за финансии беше споменато и укинувањето на персоналниот данок за пониските плати. Ние како синдикат остро се противиме на секое намалување на платите. Постојат три опции во однос на висината на платата - да се зголеми, да остане иста или да се намали. Јас верувам дека измените ќе бидат во корист на работниците - вели Милан Мановски, советник за економија во ССМ.

Еве како практично би се применувал концептот на бруто плата. Работодавачот издвојува вкупна сума од 20.000 денари за работникот (тука се вкалкулирани патарината и хранарината). Од нив отплаќа 28,4 отсто за придонеси или 5.680 денари. На сумата од 14.320 денари, која останува по плаќањето придонеси, треба да се плати персонален данок од 10 отсто. Меѓутоа основицата за оданочување сега ќе се намали за 6.800 денари колку што изнесува даночното олеснување. На откако ќе се одбие персоналниот данок на работникот му остануваат 13.568 денари.

Според погнозите на Министерството бруто платата треба да се воведе од први јануари 2009 денари.

http://www.kajgana.com/statija_2606.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com