Среда, 03.09.2008
Oткако на почетокот од минатата година најави палета на персонални компјутери наменети за загрозените гејмери, па потоа го претстави преносниот мултимедијален плеер наречен С200, легендарниот Commodore одлучи да се проба и во водите на преносните компјутери.

Овогодинешниот саем на потрошувачка електроника IFA 2008 одржан во Берлин, Commodore го искористи за претставување на својот претставник во категоријата минијатурни преносници. Moделот наречен UMMD 8010/F има дисплеј со големина до 10 инчи, камера со резолуција од 1.3 мегапиксели, поддршка за Wi-Fi 802.11b/g и Bluetooth, процесор 1.6GHz VIA C7-М, тврд диск од 80GB и 1GB работна меморија.
За жал, ова се сите технички детали објавени во врска со овој лаптоп, а според најавите цената би требало да изнесува околу 600 долари.
www.commodorecorp.com