Среда, 03.09.2008
Едноставно морате да сте онлајн, а доколку не сте ве фаќа нервоза? Не, не сте луди, само најверојатно страдате од тоа што е дефинирано како дискомгуголација (discomgoogolation).
Oд ова новодефинирано пореметување кое се јавува во состојба на спреченост да се биде приклучен на интернет, според истражувањето во Британија "боледуваат" околу 44% од Британците, додека 27% од нив признаваат дека се под навистина силен стрес кога не можат да се приклучат на интернет.
- "Се попристапниот широкопојасен интернет доведе до тоа да за првпат во историјата зачекориме во културата на инстант одговори", вели Д-р Дејвид Луис, кој го дефинира пореметувањето.
Инаку, називот discomgoogolation доаѓа од англиските зборови discombobulate, што значи збунување, фрустрирање - и на сите познатиот Google, кој е олицетворение на интернетот.
- "Целата вселена на разновидни информации се наоѓа оддалечена на само неколку кликови од нас, па станавме зависни од интернетот", додава Луис. "Кога не можеме да пристапиме на интернет, настапува дискомгуголација".
Кај оние кои патат од ова пореметување, доколку се долго време оддвоени од интернетот, доаѓа до раст на нивото на крвниот притисок и зголемена мозочна активност.
Истражувањето открива и дека 76% од Британците не можат да живеат без интернет, а повеќето од половина Британци го користат помеѓу еден и четири часа дневно, додека 19% од нив поминуваат повеќе часови на интернет, отколку со своите семејства.
Дури 47% од Британците веруваат дека интернетот во животот на човекот е поважен и од религијата.