Среда, 03.09.2008
Keвин Киген сепак ќе остане да ја извршува функцијата менаџер на Њукасл и покрај веста која ја пренесоа сите медиуми дека поднел оставка.
Њукасл одлучи преку официјалниот сајт на клубот да ја извести јавноста дека КИген останува на клупата.
"Њукасл може да потврди дека по состанокот на Управниот одбор на кој присуствуваше и Киген, разговарано е за бројни прашања кои ги постави Киген. Долгорочната политика на клубот е да напредува, а Киген е важен за тоа да се одвива. Ја цениме посветеноста и вредностите кои Киген ги донесе на Сент Џејмс Парк и клубот сака тој да продолжи со работа".
Во изминатите неколку дена Киген имаше недоразбирања со Управата на клубот. Го водеше Њукасл од 1992 до 1997 година, а во јануари 2008 по втор пат се врати. По првите три кола во Премиер лигата, неговиот тим има победа, реми и пораз, и моментално се наоѓа на 11-то место на табелата.