Среда, 03.09.2008
Цената на нафтата во САД забележа најниска вредност во последните пет месеци. Суровата нафта изнесува за речиси 10 долари помалку во однoс на претходните неколку денови.
До намалување на цената на нафтата дојде бидејќи ураганот Густав предизвика незначителна штета врз американската енергетска инфраструктура во Мексиканскиот Залив.
Цената на американската „лесна“ нафта на Њујоршката берза се намали на 109 долари за барел, додека нафтата „брент“ на Лондонската берза изнесува 107 долари. Ова е најниското ниво на тргување од април, кога цената на суровата нафта изнесуваше 147 долари за барел.
- Се стравуваше дека потенцијалната штета од ураганот ќе биде огромна, но олеснителна околност е што удри делумно и брзо, изјави претседателот на компанијата ГРЗ Енерџи, Ентони Грисанти.
Нафтените компании се подготвуваат повторно во Мексиканскиот Залив да го обноват производството на 1,3 милиони барели нафта дневно, кое беше приканато минатата недела во очекување на ураганот Густав.