Среда, 03.09.2008
Двајца браќа, сопственици на погребална фирма во Филаделфија, признаа дека и продавале трупови на една фирма која тргувала со украдени делови од тела, без семејствата на починатите да знаат за тоа.
Браќата Луис и Xералд Гарзоне се обвинети за завера, кражба, сквернавење на трупови и измама поради стекнување материјална корист. Браќата дозволиле секцирање на 224 тела без дозвола од семејствата. Кожата, коските и останатите делови од телата потоа биле продавани во земјата и служеле за замена на колена, колкови и останати "резервни делови за луѓе".
Мозокот на целата оваа операција бил Мајкл Мастромарио, кој е обвинет за стотина вакви случаи и најверојатно ќе биде осуден на доживотна казна затвор. Тој веќе отслужува казна затвор поради измама во Њујорк.
Фирмата на Мастромарио, со седиште во Њу Џерси, „Biomedical Tissue Services“, се снабдувала со тела од погребални фирми во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија.
Обвинетиот на браќата Гарзоне им платил 245 илјади долари за секцирање на телата. По исплатата, Мастромарио испраќал „екипа за секцирање“, предводена од поранешната медицинска сестра Ли Крукета, која исто така е обвинета за овие монструозни дела.
Истражувачите досега идентификувале 49 од 244 трупови, а браќата Гарзоне ги запалиле повеќето докази во својот крематориум откако почнала истрагата.