Шоубизнис

» поопширно



Владата ќе купи 102 двокатни автобуси за јавен превоз

Среда, 03.09.2008

Владата ќе објави тендер за набавка на 102 двокатни автобуси од кои два ќе бидат туристички отворени панорамски автобуси. Тие ќе се користат во Скопје и Охрид.

- Скопје ќе добие 100 нови климатизирани автобуси конструирани според најновите стандарди со низок под и со рампи за лица со посебни потреби, рече вицепремиерот Ивица Боцевски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека оној што ќе го добие тендерот за набавка на автобусите ќе биде задолжен нив да ги сервисира во гарантниот рок.

Според Боцевски, доделувањето на новите автобуси на ЈСП ќе претставува силна инекција за обнова на возниот парк во Скопје, а одлуката за набавка на нови автобуси ќе ја спроведе Владата заради, како што рече, сериозните опструкции од градските власти што се вршеа со претходниот тендер за набавка на автобуси. Тој истакна дека градоначалникот Костовски ветил дека ќе ги врати претходните средства што Владата му ги додели на градот за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје.

Боцевски посочи дека сите линии на ЈСП со исклучок на две се безбездни за одвивање на сообраќај со двокатни автобуси.

Прашан дали со доделувањето на автобусите на ЈСП се опструираат приватните превозници во Скопје, Боцевски рече дека јавниот превоз е јавно добро и оти Владата со доделувањето на автобусите го брани интересот на граѓаните за подобар превоз.

http://www.kajgana.com/statija_2632.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com